Шкендија го дозна патот до главната фаза на Лигата на шампионите!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија уште пред стартот на двомеч дуелот со Карабах во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, ги дознаа потенцијалните противници за плеј-офот.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одржа извлекување за паровите во баражот, а Шкендија при изненадување и елиминација на Карабах би се судрила со Лудогорец или Ференцварош.

  • Плеј-оф парови за Лигата на шампионите:

Лудогорец/Ференцварош – Шкендија/Карабах
Лех Познањ/Црвена Звезда – Динамо Киев/Пафос
Бодо/Глимт – Штурм Грац
Селтик – Каират/Слован Братислава
Базел – Малмо/Копенхаген
Феенорд/Фенербахче – Ница/Бенфика
Ренџерс/Викторија Плзен – Салцбург/Клуб Бриж

Првите натпревари од плеј-офот ќе бидат закажани на 19/20 август, додека реваншите се на 26/27.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×