Вториот дел од сезоната во ПМФЛ почна со победа на Шкендија во дербито со Струга и убедлив триумф на Тиквеш од 0-6 против Шкупи.
По два месеци пауза, топката почна да се тркала на фудбалските терени во најсилното првенство на Македонија.
17. коло во ПМФЛ беше отворено со дербито во Тетово помеѓу Шкендија и Струга, домаќините го добија мечот со 2-0.
„Црвено-црните“ до трите бода стигнаа во финишот од мечот, Спахиу ја затресе мрежата за 1-0 во 79. минута од мечот.
Стрелецот на голот потоа се најде во улога на асистент, и во 88. минута го проигра Нзенгуе, засилувањето на Шкендија од Брера, рутински реализираше за деби погодок и конечни 2-0.
Со оваа победа, Шкендија има 39 бода, два помалку од Струга и три од лидерот Вардар, кој утре игра против Арсими.
На вториот денешен натпревар, Тиквеш со убедливи 0-6 го совлада Шкупи.