Шкендија ги започнува европските квалификации: ТНС сака одмазда за болната елиминација пред седум години

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Шкендија денеска го игра натпреварот против ТНС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Станува збор за клуб кој веќе еднаш беше елиминиран од Шкендија и тоа во истата фаза од квалификациите во 2018 година. Тогаш Шкендија во првиот натпревар на гости славеше победа од 0-5, а ТНС во Скопје победи со 4-0 и беше блиску да режира неверојатно враќање.

Според зборовите на тренерот Крејг Харисон тие сакаат одмазда за таа елминација.

„Беше навистина тешко искуство. Сега ппред нас е можност да им вратиме мило за драго. Не бев тогаш во клубот, а сега веруваме дека можеме да ја поминеме ова прва рунда. Ќе биде тешко, како во овој натпревар тука, така и во реваншот“, изјави Харисон.

Од Шкендија најавуваат дека се подготвени да одиграат на потребното ниво.

„Комплетно сме подготвени да се соочиме со утрешниот противник. Од почетокот на подготовките работевме многу сериозно и по ждрепката се подготвувавме за утрешниот меч. Верувам дека тимот и фудбалерите ќе го дадат најдоброто од себе утре“, вели тренерот Јетон Бекири.

Ќе потсетиме, ТНС не е наивен противник и во изминатата сезона беше дел од лигашката фаза во Конференциската лига.каде што се сретна со екипи како: Фиорентина (0-2, Ѓургарден (0-1), Астана (2-0), Шамрок Роверс (1-2), Панатинаикос (0-2) и Цеље (2-3). Сезоната ја заврши на 32. мето пред Динамо Минск, Ланре, Ласк и Петрокуб.

Денешниот натпревар е закажан во терминот од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×