Фудбалерите на Шкендија ги чека последниот натпревар од лигашкиот дел во Конференциската лига во кој тетовскиот тим ќе гостува кај АЕК Ларнака во рамки на шестото коло. Шкендија сè уште се во трка за пласман во плеј-офот, па освојувањето бодови на Кипар секако би биле од големо значење.
Европската фудбалска федерација ги одреди и официјалните лица за средбите од ова натпреварување, а довербата за дуелот во Ларнака ѝ е дадена на судиска екипа од Литванија.
Главен арбитар на натпреварот ќе биде Манфредас Лукјанчукас, со асистенција на Мираускас и Степановас покрај аут-линиите. Улогата на четврти судија ќе ја има Паулаускас, додека за ВАР ќе биде задолжен Сименас. Делегат на натпреварот е Алојзије Шупраха од Хрватска.