103
Денеска со почеток од 13 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за 1/16 финалето од Конференциската лига во кое претставник има и Македонија.
Шкендија е првиот македонски тим кој стигна до нокаут фаза во европско клупско натпреварување, а денеска ќе знае против кој тим ќе игра во 1/16 финалето.
Како што од претходно се знаеше, Шкендија има два можни противници, тоа се Самсунспор од Турција и Лех Познањ од Полска, некоја од овие екипи ќе биде противникот на Шкендија.