Шкендија без Фитон Адеми против Лудогорец

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија ќе влезе ослабена во плеј-офот за Лигата на Европа против Лудогорец, откако младиот напаѓач Фитон Адеми заработи повреда на зглобот.

Фудбалерот се повреди во викенд победата над Македонија ЃП и според првичните проценки ќе мора да паузира најмалку десет дена. Тоа значи дека тренерот Јетон Беќири ќе има една офанзивна опција помалку во наредните натпревари. Иако Адеми не е стандарден стартер, сепак досега беше важна алтернатива во нападот. Сигурно ќе го пропушти првиот дуел со Лудогорец во Тетово, како и средбата со Арсими во Првата лига.

Од клубот веруваат дека младиот напаѓач ќе се врати во полн ритам до реваншот во Разград, што би било големо олеснување за Шкендија во битката за групната фаза од Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×