Шкендија Арачиново подобро шутираше пенали од Саса и се пласира во второто коло на Купот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија Арачиново е патник во осминафиналето на Купот на Македонија, откако славеа по подобро изведување на пенали против Саса со 4-3, а во регуларното време беше 1-1.

Натпреварот се одигра на „Градскиот стадион“ во Куманово, улога на номинален домаќин имаше новиот второлигаш од Арачиново и на крајот ги израдува своите навивачи.

Шкендија одигра перфектно и дури со човек помалку успеа да издржи во вториот дел пред налетите на ривалот. Саса поведе преку Милош Спасовски во 59 минута од средбата, додека во продолжението Бурхан Алији израмни на 1-1.

Во пенал-рулетот Саса влезе лошо, промашуваа Ајрули и Мичковски, но потоа реализираа Бекир, Ефремов и Радески за враќање во игра. За Шкендија Арачиново погодуваа Алији, Ѓорѓиевски и Димов, а потоа катастрофално промашу Трпески, но победата ја потврди капитенот Дарио Десниќ.

Досега во следната фаза се пласираа: Детонит, Беласица, Работнички, Силекс, Брегалница, Македонија ЃП.

Утре на програмата се дуелите меѓу Пчиња и Новаци, како и Тетекс против Пелистер. Следната седмица Победа ќе се судри со Башкими, четвртолигашот Јени Маале од Битола е ривал на Шкендија, Скопје е домаќин на Тиквеш, а Кожуф ќе го предизвика Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×