Екипата на Шкендија Арачиново, по два натпревари без победа, реши да интервенира и ја раскина соработката со искусниот тренер Љупчо Марковски – Калц.
Тимот од Арачиново има амбиции сезонава да обезбеди место во Првата лига, а раководството смета дека брзата промена на клупата ќе донесе подобри резултати. Одлуката доаѓа по поразот од 2-1 во дербито против Скопје на домашен терен минатиот викенд.
Марковски седна на клупата на Шкендија Арачиново на почетокот од актуелната сезона, а во кариерата водеше: Скопје, Тетекс, Работнички и Вардар.
Во моментов, Шкендија Арачиново е второпласирана на табелата, со бод помалку од лидерот Охрид и бод повеќе од Скопје на третото место, додека на тесно растојание се и Брегалница, Новаци и Детонит.