Шкемби: Задоволен сум за деби-победата, ама имаме уште доста работа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Струга триумфално ја отвори сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако славеше против Македонија Ѓорче Петров со 2-0.

По деби победата коментар за одиграното даде тренерот на стружани Бледи Шкемби. Тој призна дека пред неговиот тим е уште многу работа за целосно воигрување.

Среќен сум за победата, слатка беше за мене бидејќи ми беше официјално деби и многу ми значи резултатот. Задоволен сум од трите бода, ама за начинот на кој игравме можам да кажам дека имаме уште многу работа. Можевме многу подобро, би кажал дека имавме добри и лоши моменти. Секако, како што ќе одминува времето ќе бидеме подобар тим, ќе играме уште подобро и ќе функционираме како тим“, изјави Шкемби.

Во втората рунда од шампионатот на Македонија екипата на Струга ќе се судри со Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×