827
Борац Бања Лука со 2-0 го доби дербито против Сараево на негов терен во 22. коло од најдобрата лига на Босна и Херцеговина, македонскиот голман Дамјан Шишковски бранеше на овој дуел.
Шишковски беше на висина на задачата и даде сериозен допринос за гостинската победа на Борац со оглед на тоа што Сараево имаше доволен број на шанси.
Головите за гостите ги постигнаа Вуковиќ уште во третата минута и Деспотовиќ во 67. минута.
Николов на овој меч беше на клупата, во игра влезе во 83. минута.
По 22 одиграни кола Борац е на второто место на табелата со три бода помалку од лидерот Зрињски, а осум повеќе од третопласираниот Сараево.