Голманите во модерниот фудбал често на големите натпревари си подготвуваат информации за потенцијалните „пеналџии“ на противникот.
Тоа често го прави Џордан Пикфорд, а сега голманот на Евертон фати пенал во ремито против Манчестер Сити на „Етихад“ (1-1). Натпреварите на „Боксинг деј“ понудија доста возбудувања, а во Манчестер нервоза направи репрезентативниот голман. Тој на шишето за вода си ги имаше испринтано потенцијалните изведувачи на пенали кај Манчестер Сити, па тоа му „запали“ и успеа да го одбрани ударот на Халанд.
Освен тоа, непосредно пред шутот Пикфорд му направи и гримаса на Халанд во обид да го деконцентрира.
Стрелец за Сити беше Бернардо Силва за предност, а потоа Илиман Ндијае израмни на 1-1. Одбранетиот пенал на Пикфорд беше во вториот дел.