Шик-шоу во Леверкузен: Четири гола на напаѓачот во победата над Фрајбург! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот шампион Баер Леверкузен беше убедлив и со 5-1 го совлада Фрајбург во последниот саботен меч од Бундеслигата.

Тимот од „БајАрена“ им приреди шоу на своите навивачи, поточно шоуто го украде Патрик Шик. Чешкиот напаѓач постигна четири гола во гостинската мрежа. Шик погодуваше во 46, 67, 74 и 77 минута од натпреварот.

Освен него еден гол постигна Флориан Вирц, а младиот офанзивен играч за врска имаше и нереализиран пенал во првиот дел. За Фрајбург почесен погодок постигна Грифо.

Со оваа победа Баер Леверкузен дојде на 32 бода, четири помалку од лидерот Баерн Минхен, а Фрајбург остана на 24 на осмата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани