314
Чешка поведе со 1-0 против Македонија откако судијата свирна сомнителен пенал, се чини дека Патрик Шик беше тој кој всушност го фаулираше Томаш Соучек.
По 15 минути игра во второто полувреме, Чешка поведе со 1-0 против Македонија на контролниот натпревар во Храедц Кралове.
Домаќините голот го постигнаа од сомнителен пенал. Томаш Соучек падна по еден дуел со Висар Муслиу, но од повторените снимки се виде дека всушност Патрик Шик е тој кој посилно го турка фудаблерот на Вест Хем.
И покрај тоа што имаше ВАР на натпреварот, одлуката на судијата Оченаш не беше променета, а Патрик Шик од белата точка го матираше Столе Димитриевски за 1-0.