Шевченко им се „продал“ на Русите за да стане директор?!

by Стефан
1 минути читање

Украинскиот спортски новинар Игор Бурбас ја разбранува јавноста со остри обвинувања на адреса на фудбалската легенда Андреј Шевченко.

Шевченко, кој во моментов ја извршува функцијата претседател на Фудбалската федерација на Украина, неодамна доби позиција и во ФИФА како директор на „Одборот за иднина на фудбалот“. Меѓутоа, според Бурбас, овој ангажман не е случаен.

Тој тврди дека славниот поранешен напаѓач на Милан ја добил функцијата поради блиски врски со Русија.

„Руски претставници се наоѓаат во дури четири одбори на ФИФА кои се многу поважни од местото на Шевченко. Практично тој доби место кое беше ‘измислено’ за него. Сигурен сум дека тоа е направено со цел да не се противи на враќањето на Русија во меѓународниот фудбал“, изјави Бурбас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×