Шешко сака да седи на две столчиња па доби ултиматум

by bojan
1 минути читање
Шешко e пред трансфер во Манчестер јуанајтед

Бенџамин Шешко е отворен за трансфер и во Њукасл и Манчестер јунајтед, па клубот од „Сент Џејмс Парк“ му поставил ултиматум од 48 часа да одлучи дали ќе го облече „црно-белиот“ дрес.

Бенџамин Шешко е на радарот на Њукасл и Манчестер јунајтед, и иако во прв момент се пишуваше дека напаѓачот ги одбрал популарните „свраки“, последните информации велат дека тој е отворен за преселба во двата клуба, или поточно во оној кој прв ќе се договори со РБ Лајпциг.

Но на Њукасл не му се допаѓа тоа што Бенџамин Шешко сака да седи на две столчиња, па доставиле ултиматум.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ му дал 48 часа на напаѓачот да одлучи дали ќе го облече „црно-белиот“ дрес или пак ќе се реши за друга авантура.

Њукасл веќе достави понуда од 75+5 милиони евра, предлог кој беше одбиен бидејќи РБ Лајпциг бара најмалку 80 милиони евра.

Манчестер јунајтед се уште нема доставено конкретна понуда, но се очекуваа таа да пристигне за многу брзо време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×