Пред денешниот натпревар на Манчестер јунајтед со Фиоернтина претставен беше Бенџами Шешко кој пристигна од Лајпциг за сума од 76.5 милиони евра, плус 8.5 милиони кои би биле исплатени преку бонуси.
По потписот Шешко ја даде и првата изјава како фудбалер на гигантот од ,,Олд Трафорд”.
Историјата на Манчестер Јунајтед е богата и огромна, но мене повеќе ме возбудува иднината и она што следи. Кога разговаравме за овој проект, сфатив дека тимот постојано ќе расте и наскоро повторно ќе се бори за трофеи.
Од моментот кога пристигнав ја почувствував пријателската и топлата атмосфера во клубот. Тука има прекрасна енергија, ова е совршено место за развивање на мојот потенцијал и целосно реализирање како професионален фудбалер“, изјави Шешко.