385
РБ Лајпциг се врати на победите и славеше во ефикасен натпревар против Вердер Бремен (4-2) во 16. коло на Бундеслигата.
Надвор од тимот на Лајпциг беше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас кој се опоравуваше од повреда.
Поведоа „биковите“ преку Чави Симонс, а потоа Вајзер израмни (1-1). Сепак, пред полувремето младиот Холанѓанец ја врати позитивата. На стартот на вториот дел следеше потегот на натпреварот. Бенџамин Шешко прими топка на околу 30 метри откосо, направи неколку чекори и испрати проектил во мрежата на гостите за 3-1.
Во продолжението погоди уште Баумгартнер за зголемување на водството, за потоа конечните 4-2 да ги постави Бурке.