502
Фудбалерите на РБ Лајпциг се радуваа на десеттата победа во Бундеслигата, откако дома славеа против Сент Паули со 2-0.
Натпреварот на „Ред Бул Арена“ понуди два гола во првиот дел за домашната екипа. Бенџамин Шешко го отвори резултатот во 16. минута по асистенција од Чави Симонс. Во 35. минута Шешко ја врати услугата, па на Симонс му го намести вториот гол на Лајпциг.
Во вториот дел Вили Орбан доби директен црвен картон, меѓутоа тоа не влијаеше на резултатот до крајот.
Лајпциг има 36 бода и се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Сент Паули со 21 бод е 14.