Шелбурн веќе еднаш гостувал во Скопје и си заминал победнички! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот шампион Шкендија денеска ќе го пречека ирскиот Шелбурн во рамките на второто коло од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци имаат јасна цел, да ја запишат првата победа во ова европско натпреварување и, симболично, да ѝ се одмаздат на Слога, која пред 25 години беше елиминирана од истиот противник.

Токму тој дуел од јули 2000 година остана запаметен како прво и досега единствено гостување на Шелбурн во Скопје. Во квалификациите за Лигата на шампионите, тогашниот македонски шампион Слога, под водство на Ѓоре Јовановски, влезе во двомечот како фаворит, но беше изненаден со минимален пораз од 0-1 на домашен терен. Стрелец на единствениот гол беше Ричард Бејкер во 85. минута.

За Слога настапија Николовски, Јовановски, Штерјоски, Здравевски, Јованоски, Рамадан, Мустафи, Мазнов, Бајрам, Беќири и Пресилски, а во текот на натпреварот шанса добија и Јаневски, Ардијан Нухии и Рамадани.

На реваншот во Ирска, скопскиот состав беше подобар на теренот, но одигра само 1-1. Шелбурн поведе преку Хејлок во 67. минута, а Нухии израмни во 81.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×