Шеко влезе и го реши Евертон – Јунајтед им се врати на победите! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер јунајтед вечерва освоија важни бодови во битката за место во Лигата на шампионите и на гости го совладаа Евертон со 1-0.

Беа избраниците на Керик подобар противник во првото полувреме имаа иницијатива, но сепак мрежите во првите 45 минути мируваа.

Во второто полувреме, Јунајтед тргна по трите бода и по еден час игра Керик на теренот ги испрати Бенјамин Шешко, а тој потег се покажа и како клучено. Голгетерот се запиша во листата на стрелци по една контра на 20-тина минути пред крајот. Мбуемо одлично го пронајде, а Шешко од идеална позиција го матираше Пикфорд.

Евертон создаде неколку прилики до крајот, но сепак бодовите завршија во Манчестер. За Јунајтед ова е враќање на победничките патеки откако во минатото коло серијата од четири победи беше прекината со ремито против Вест хем.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×