Шефит Шефити замина од Арсими и се пресели во ОАЕ

by 24 фудбал
0 минути читање

Крилниот напаѓач Шефит Шефити ја напушта македонската сцена и кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати.

Фудбалерот кој есенва го носеше дресот на Арсими постигна договор со Хата, тим кој настапува во второто ниво на тамошниот фудбал.

Шефити зад себе има одлична полусезона во ПМФЛ. Тој реализираше 11 голови на 12 натпревари и беше меѓу најзабележителните офанзивци во шампионатот, што му ја отвори вратата за интернационален ангажман.

Неговата кариера започна во Шкендија, а потоа настапуваше и за Ренова, Приштина, покрај Арсими и Беса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×