Шчесни знае дека ќе биде резерва, па си најде нова улога во Барса!

by riste
0 минути читање

Жоан Гарсија ја окупира првата голманска позиција на Барселона, Војчех Шчесни се пресели на клупата за резерви и така се очекува да биде до крајот на сезоната.

Полскиот голман е помирен со тоа, не негодува на одлуката на Ханси Флик, напротив, ќе се стави на располагање за помош.

„Јас сум замена за Жоан Гарсија и тоа така ќе остане“, вели Шчесни.

„Мојата улога е да го подготвам него за најголемите натпревари. Тој веќе е еден од најдобрите голмани во Европа, но сакам да го подготвувам за највисокото ниво. Ќе се обидам да му помогнам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×