Шчесни во Барселона е многу блиску да сруши рекорд на Јохан Кројф

by Стефан
1 минути читање

Војчех Шчесни е одличен на голот на Барселона и потегот на клубот да го доведе како принудно решение по повредата на Тер Штеген се покажа како полн погодок.

Шчесни иако веќе објави пензија пред Барселона да го повика во своите редови сега брани на највисоко ниво и е на чекор да сруши рекорд на славниот Јохан Кројф.

Кројф во овој момент го држи рекордот за најдобар дебитант во Барселона. Со него каталонскиот гигант во 1973 година не беше поразен во првите 23 натпревари кои Кројф ги одигра за Барселона, а Шчесни во овој момент е на еден помалку.

Полскиот чувар на мрежата е стандарден помеѓу стативите од неговото деби во Купот на Шпанија против Барбастро и од тој момент Барселона е во серија од 22 натпревари без пораз.

Исто така серијата од 22 натпревари без пораз е и најдобар почеток на една календарска година за Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани