875
Војчех Шчесни посакува нов договор со Барселона, откако се врати од пензија и застана меѓу стативите на гигантит.
Полскиот чувар на мрежата беше во дилема дали да излезе од пензија по понудата од Каталонија, ја прифати и одново брани во врвна форма. Сега неговиот агент Шошуа Барнет откри дека тој би прифатил продолжување на договорот со Барселона.
„Тој е одушевен во Барселона, а клубот е многу задоволен со неговите перформанси. Очекувам лесно да постигнеме договор. Кога ќе дојде вистинско време, ќе го направиме тоа и нема да има препреки“, изјави агентот.
Инаку, Шчесни на крајот на минатата сезона по разделбата со Јувентус објави фудбалска пензија, но потоа се врати на терените.