Барселона попладнево го комплетираше трансферот на Војчех Шчесни, голманот се врати од пензија и потпиша договор до крајот на сезоната.
Војчех Шчесни е нов голман на Барселона, Полјакот ги помина редовните лекарски и прегледи и стави потпис на договор до крајот на сезоната.
„Искрено бев подготвен за пензија, бев среќен, но откако поминав два дена во Барселона и видов како луѓето ме третираат и колку сум им важене, ме направи да бидам горд“ – вели голманот.
Тој потоа додаде: „Левандовски беше првиот човек кој ми се јави и опипа терен за трансфер. Во прв момент не бев подготвен за нов предизвик, но разговарав со семејството и пријателите, и сите тие ми рекоа дека ќе направам голема грешка доколку не ја прифатам понудата на Барселона“.
„Роберт Левандовски одигра важна улга, тој беше првиот кој ме убеди“.