Новинарот Матеуш Швjeчицки сподели интересен разговор помеѓу Војчех Шчесни и група новинари, голманот се пожалил дека за прв пат ќе заработува помалку од нив.
Војчех Шчесни синоќа потпиша со Барселона до крајот на сезоната, голманот се врати од пензија и го облече дресот на „каталонците“ по тешката повреда на Марк андре тер Штеген.
Новинарот Матеуш Швjeчицки, кој е добар пријател со Полјакот и беше покрај него на стадион против Јанг Бојс, сега открива интересен разговор на Војчех Шчесни со група новинари.
„За прв во животот заработувам помалку од вас… па кој ќе части?“ – рекол Војчех Шчесни со насмевка.
Не е познато колкава плата ќе има Полјакот до крајот на сезоната, но јасно е дека парите не му играле голема улога при одлуката да и каже ДА на Барселона.