Шампионот со пресврт го победи најслабиот во ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија со пресврт стигна до важна победа против Шкупи со 1-2 во заостанатиот дуел од 12 коло во Првата лига. Натпреварот во Струга во првиот дел не понуди многу, а тетовчани настапија со комбиниран состав поради повредите на Рамадани, Цаке и Гаје и поштедата на неколку стандардни играчи.

И покрај разликата во квалитет Шкупи делуваше стабилно и го изненади шампионот кога во 57 минута Луис Рибеиро донесе водство од 1-0 по брза транзиција и несигурна реакција на одбраната на Шкендија.

Резервите на Беќири го променија текот на мечот. Имран Фетаи во 72 минута израмни по корнер од Красниќи, а само осум минути подоцна Лиридон Љатифи погоди за целосен пресврт и конечни 1-2.

Со оваа победа Шкендија ги израмни обврските по број на натпревари и сега е три бода зад Вардар и два зад Струга во трката за врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×