Севиља, благодарејќи
на одличната работа на спортскиот директор Мончи, често купува евтино а продава
скапо. Таков е случајот со последната зделка со која Пабло Сарабија се пресели
во ПСЖ.
„Андалузијците“
во 2016 го искористија испаѓањето на Хетафе во втора лига и го купија
офанзивниот фудбалер за скромни 400.000 евра.
Неговата откупна клаузула сега е 18 милиони евра
што е 45 пати повеќе. Но според пишувањата на медиумите, „светците“ за неговиот
трансфер ќе платат нешто повеќе односно 20 милиони евра.
Зошто ПСЖ ја почасти Севиља 2 милиони евра е
нејасно. Одредени извори пренесуваат дека самиот Пабло Сарабија инсистирал ПСЖ
да плати повеќе, а други велат дека шампионот на Франција на овој начин
обезбедил плаќање на сумата на рати.
Севиља не откри детали, но потврди дека се работи
за трансфер кој е договорен со ПСЖ и дека клаузулата на играчот не е
активирана.