Хавиер Ернандез,
или попознат како ‘Чичарито’, потпиша тригодишен договор со шпанскиот
прволигаш Севиља, а Андалузијците за услугите на мексиканскиот напаѓач на Вест
Хем му платија обештетување во висина од 7,75 милиони евра.
Со ова, Чичарито
се врати во шпанското првенство, претходно настапуваше во редовите на гигантот
Реал Мадрид, и тоа во сезоната 2014/15.
„Ова е голема можност за мене, среќен сум со тоа што сум тука, слушнав само позитивни коментари за Севиља, кога дојдов да го посетам клубов веднаш се заљубив во градот и самиот клуб“ рече Чичарито на промоцијата.
31 годишниот
Мексиканец, кој постигна 17 погодоци во дресот на Вест Хем на 63 натпревари,
стана 12-тото засилување за Севиља во летниот преоден рок, а мошне веројатно е
дека ќе го земе дресот со број „12“, тој негов омилен број воедно е слободен во
тимот на Андалузијците.