276
Севиља со два гола во второто полувреме со 2-1 славеше на гостувањето кај Жирона која пропушти предност од првиот дел.
Бојан Миовски уште се рехабилитира од повредата, но Македонецот наскоро ќе се врати во составот на Жирона.
Уште во воведните минути беше покажан пенал за Севиља, Ромеро не успеа да реализира.
Во 36. минута Мартинез даде гол за водство на Жирона од 1-0, со тој резултат се отиде на одморот.
По 15 минути игра во вториот дел Нигуез го изедначи резултатот на 1-1.
Доцна во финишот, во 88. минута Лукебакио погоди за комплетен пресврт и победа на Севиља со 2-1.