Поранешниот
фудбалер, а воедно и легенда на Милан, Андриј Шевченко потврди дека една од
неговите цели е еден ден да стане тренер на „Росонерите“, со што би се вратил
во клубот каде постигна 175 погодоци, а освои и две титули во Лигата на
шампионите.
43 годишниот
Шевченко до 2016. година е селектор на неговата Украина, меѓутоа не ја крие
примарната цел во неговиот нов предизвик како тренер.
„Во моментов,
најважната работа е да се обидеме да ја завршиме сезоната, секој фудбалер треба
да даде се’ од себе за да се
реализира тој план, потоа ќе видиме што ќе се случува следно, а ќе видиме и
каква иднина го чека Милан“ вели Шевченко.
„Сакам да се
вратам во Милан како тренер на таа екипа еден ден, Милан засекогаш ќе остане во
моето срце, премногу сум поврзан со навивачите на тој клуб“ додаде Украинецот.
„Ајде да видиме
што ќе се случи, дали воопшто би се случило тоа, но, една од моите цели е да се
вратам во Милан како тренер, во моментов размислувам само на Украина, фокусиран
сум на националниот тим“ заклучи популарниот „Шева“.