„Каталонците“ не
планираа да пазарат во јануари, но повредата на Луис Суарез ги менува работите.
Уругваецот ќе биде надвор од терените околу четири месеци и практично за него е
завршена сезоната, па Кике Сетиен бара нов напаѓач за да се задржат високите
апсирации и триумф во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Новиот тренер на
Барселона во понеделникот имал разговор со раководството на клубот и било
договорено да се види што може да се направи во преостанатите десет дена од
зимскиот преоден рок.
Според пишувањата
на Мундо Депортиво, на листата со желби има неколку имиња а при врвот се наоѓаат
Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Родриго од Валенсија. Спорт пак пренесува
дека Тимо Вернер од РБ Лајпциг е опција.
Проблем е што овие
играчи чинат многу, а и нивните клубови тешко ќе сакаат да се разделат сред
сезона.
Алтернатива е да
се донесе напаѓач како Оливиер Жиру, Фернандо Љоренте и Криштоф Пјонтек, кои се
на пазарот овој месец, но Барселона нема убави спомени од ваква зделка,
минатата година беше ангажиран Кевин Принц Боатенг, кој се покажа како
промашување.