Сетиен го пофали третолигашот Ибица за играта, а за своите фудбалери испрати јасна порака

by
1 минути читање

Барселона добро
се испоти за да го совлада третолигашот Ибица и со тоа да избори прогрес во
шпанскиот куп, а да се избегне срам за каталонскиот гигант се погрижи Антоан
Гризман кој ги постигна двата гола за победата од 1-2.

Новиот тренер на
Каталонците, Кике Сетиен признава дека не бил задоволен од изданието на своите
избраници, иако за момент во лошиот терен пронајде и причина за оправдување од
лошото издание.

Не, воопшто не
ми се допадна како тимот ги одработи своите задачи на овој натпревар, јас би
преферирал тоа да се реализира на еден поинаков начин
“ рече Сетиен по мечот, упатувајќи јасна порака до своите избраници, од чие издание сигурно не бил задоволен.

Меѓутоа, на
терен како овој, тешко е да ги реализирате плановите, нашиот противник беше
агресивен и доста добар во одбраната, не беше лесно
“ додаде тој, упатувајќи
дури и пофалби на сметка на третолигашот.

Ибица одигра
одличен меч, честитки до нив, за нас не беше воопшто лесно, беше многу
комплицирано
“ заврши Сетиен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×