Сестрата на Гризман: Доколку постои клуб со кој сме во постојан контакт, тоа е…

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема никакви преговори или најмалку контакт со
челниците на Барселона околу можен трансфер во таа екипа, тврди неговата
сестра, а сево ова доаѓа откако познато е дека откупната клаузула на
Французинот на лето ќе падне на 120 милиони евра.

Французинот често
се поврзува со трансфер на Камп Ноу, така беше и претходно, но, тој се одлучи
да стави потпис на нов договор со Јорганџиите ланското лето и да стави крај,
барем за момент на разните шпекулации околу неговата иднина.

Веројатно
елиминацијата на Атлетико Мадрид уште во осминафиналето од Лигата на шампионите
донесе нови шпекулации за неговата иднина, а неговата сестра Мауд Гризман,
тврди дека тој е целосно фокусиран на тимот од Мадрид во моментов, и ако постои
некој клуб со кој тие се во постојани преговори, тоа е токму Атлетико Мадрид и
никој друг.

Антоан е
разочаран поради елиминацијата, секако негова голема желба е во неговиот
престој во клубот да стигне до трофејот од Лигата на шампионите
“ рече Мауд за Л
Екип.

Тој е едноставна
личност, исто како и неговите соиграчи, тренерот, челниците на клубот и
навивачите на истиот. Можеби заморно е да се читаат секојдневни нови шпекулации
за него, околу тоа што тој мисли за понатаму и слично
“ додаде таа.

Единствениот
човек кој во моментов се грижи за интересите на мојот брат овие две години сум
јас, мојот татко, Алан и секако нашиот адвокат, Севан Кариан. Доколку постои
клуб со кој сме во постојан контакт во моментов, тоа е Атлетико Мадрид и никој
друг
“ заклучи таа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×