Шест позитивни случаи на коронавирус во Шкендија и Ренова

by
0 минути читање

Како дел од
протоколот за враќање на тренинзи, клубовите од Македонија изминативе денови
почнаа да ги тестираат своите играчи на коронавирус. Од синдикатот на фудбалери
денеска открија дека досегашните тестови покажале шест позитивни случаи.

Во редовите на
Ренова има дури четворица заразени со Ковид 19, додека пак во Шкендија има
двајца фудбалери.

По оваа
информација, денешните тренинзи се откажуваат. Клубовите сега чекаат насоки од
ФФМ и Институтот за здравје за тоа кој се ќе треба да оди во изолација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×