Фенербахче доста
лошо стартуваше во Лига Европа, откако загуби убедливо со 4-1 на гостувањето
кај Динамо Загреб во рамките на првото коло од групата „Д“, каде се уште и
Спартак Трнава и Андерлехт.
Од едната страна
отсуствуваше Аријан Адеми, а Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути од средбата на
Максимир на која имало присуство на повеќе скаути од европски клубови.

„Европски гиганти
ги проследија младите таленти од Динамо Загреб, а скаути имаше и за Елиф Елмас,
и тоа од Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Рома, Бенфика и
Спартак Москва“ пишува „Fotomac“.
Од поодамна е
познато дека каталонскиот стратег од клупата на англискиот првак Манчестер
Сити, Пеп Гвардиола го постави нашиот Елмас како прва опција за засилување од
групата на фудбалери до 18 годишна возраст, Македонецот утре ќе наполни 19 години а полека но
сигурно ги освојува симпатиите на големите гиганти низ Европа.