Спортинг Лисабон
во петок на домашен терен ја пречекува Виториа Сетубал во рамките на второто
коло од португалската „Примера“, откако во воведното коло славеше со 0-2 на
гостувањето кај Депортиво Авес.
„А Бола“
пренесува дека 25 годишниот македонски интернационалец Стефан Ристовски, кој е
најновото засилување за тимот од Лисабон, би можел да дебитира пред домашната публика
уште во петок, но се појави мал проблем.
Според
информациите кои пристигнуваат од Португалија, се вели дека Ристовски се уште
го чека сертификатот за настап во редовите на Спортинг Лисабон, сево ова доаѓа
со доцнење поради одредени правила во однос на тоа кога се ангажира фудбалер на
позајмица а воедно се внесува клаузула за откуп на договорот по крајот на
сезоната.
Сертификатот е
клучен за фудбалерот да биде регистриран во сите административни процедури во
клубот, и е клучен документ за да се запише и официјално фудбалерот.