Сериозни обвинувања од Перу за местенка, Аргентина и ФИФА договориле победа за „Гаучосите“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Аргентина го
пречекува Перу во средба која е многу важна, двете репрезентации имаат по 24
бода и се наоѓаат на четвртото и петтото место на табелата.

Притисокот е
огромен, трите бода се од големо значење за пласманот на мундијалот во Русија.

Атмосферата
дополнително се вжешти откако весникот Тодо Спорт излезе со сериозни обвинувања
дека натпреварот е наместен, односно Аргентина, КОНМЕБОЛ и ФИФА договориле
победа за „Гаучосите“.

Весникот на
својата насловна страна има слика од Лео Меси во дресот на Аргентина и преку
него е напишан зборот „РАТЕРОС“ (крадци). Има и слики од претседателот на
Фудбалската федерација на Аргентина како и првите луѓе на
КОНМЕБОЛ и ФИФА.

Тодо Спорт пишува
дека токму челниците на овие три организации се договориле „да го украдат
натпреварот, сите тројца ќе бидат во ложата утре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани