Горан Пандев и
натаму има големо значење во италијанската Серија А, првенство каде ја помина
цела своја кариера со исклучок на краткиот престој во турски Галатасарај, а
игра на посакуваната форма и на свои 37 години.
Во својата кариера
капитенот на нашата фудбалска репрезентација освои се’ што посакуваше, а „шлагот на тортата“ несомнено е
пласманот на Европското првенство идната година, пласман кој беше изборен токму
со негов погодок.
Од Серија А имаа
посебна објава за Македонецот денеска, а тоа го сторија со доста респектабилна
порака за офанзивецот.
„Тој освои се’,
и секогаш како протагонист!“ напишаа
од Серија А за фудбалерот на Џенова кој сезонава постигна еден гол на осум
настапи.