Откако УЕФА го
одложи ЕВРО 2020 за следната година, клубовите почнаа да прават планови за
продолжување на сезоната. Првото сценарио е сите лиги на стариот континентен да
имаат рестарт во мај и да финишираат до 30. јуни.
Сепак, клубовите
од Серија А се песимити, и сметаат дека нема шанси да се игра фудбал во мај.
Епидемијата од коронавирус се уште го нема допрено врвот. На „чизмата“ има нешти
над 47.000 позитивни случаи и над 4.800 починати, од кои само 793 во последните
24 часа.
Според пишувањата
на Ла Република, клубовите во вторник ќе имаат нов состанок на кој ќе се
разговара суспензијата да трае до почетокот на јуни, а првенството да финишира до
крајот на јули. Но ова ќе отвори нови проблеми, и што се играчите чиј договори
истекуваат на 30. јуни.
Во меѓувреме,
епидемиолог од Рим вели дека ако топката почне да се тркала за некој месец,
натпреварите ќе се играат пред празни трибини, семата дека нема да има публика на
стадионите дури до октовмри.
„Мораме да бидеме
јасни кон луѓето, без да ги тероризираме. Мислам дека ќе биде невозможно публика
да има на натпреварите пред октомври. Сметам дека мерките за рестрикција на
движењето ќе важат дури до летото. Да, луѓето ќе почнат да се враќаат на работа,
да излегуваат, но тоа ќе се прави бавно и претпазливо“ – вели Пјерлуџи
Лопалко за Ла Република.