Генералниот
извршен директор на Интер, Бепе Марота обвини дека тие се оштетени од одлуките
на Серија А да се одложат дуелите со Сампдорија и Јувентус, и се пожали дека во
мај ќе имаат неверојатен распоред.
На нападите
реагираше првиот човек на Серија А, Паоло Дал Пино кој пак вели дека
„нероаѕурите“ наместо да ги обвинуваат другите, вината треба да си ја бараат во
своите редови бидејќи им било понудено „Дербито на Италија“ да се игра во
понеделник со публика.
„Во петокот, јас
и генералниот извршен директор Де Сјерво му понудивме на Интер мечот со
Јувентус да се игра во понеделник и тоа со публика. Интер категорично одби да
се појави на теренот. Па тие треба да превземат одговорност за сопствената
одлука наместо да зборуваат дека се оштетени и дека првенството е изобличено“ –
вели Паоло Дал Пино.
„Мората ги брани
интересите на Интер, јас треба да се грижам за интересите на цела Серија А, и
за жал тоа значи дека ќе има одреден конфликт на интереси со одредени клубови.
Моја работа е да го промовирам италијанскиот фудбал и имиџот на Калчото ширум
светот, па доколку сите гледаа натпревар со празни трибини, тоа ќе беше лош
бизнис“.
За обвинувањата
дека не се консултирал со никого, Дал Пино вели: „Според статусот, имам право
да донесам ваква одлука, но клубовите по телефон беа известени“.
„Во предвид беа
земеме и фановите и нивното право да присуствуваат на натпреварите, како и ТВ
куќите кои вршат пренос, кои сакаат да пренесуваат мечеви со полни трибини. Треба
да се мисли за доброто на цела Серија А, а не само на одреден клуб“.