„Серија А“ може да продолжи во централно-јужниот дел на Италија?

by
1 минути читање

Валтер Рикиарди,
член на Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека постои предлог до
„Серија А“, за натпреварите од тој шампионат да продолжат во централно-јужниот
дел од Италија.

Северот на таа
земја е доста погоден од коронавирусот, всушност тоа е еден од епицентрите на
пандемијата со Ковид-19 ширум светот, а централниот и јужниот дел од Италија
беа погодени со помало ниво.

Како и да е,
Рикиарди, кој воедно е советник во италијанскиот Олимписки комитет, верува дека
сезоната во „Серија А“ би можела да продолжи во централно-јужниот дел на
Италија.

Потребно е да се
оцени сценариото во две седмици, бидејќи тоа е периодот на инкубација на
вирусот
“ вели Рикиарди.

Ситуацијата
станува подобра во повеќе делови од Италија, но, не во сите, Ломбардија и
натаму има загрижувачко сценарио, генерална индикација не може да се даде

додава тој.

Вирусот ќе
продолжи да се шири дури не се пронајде вакцина за истиот, а ние мораме да ги
заштитиме сите, тука се секако и фудбалерите, како и сиот не-фудбалски
персонал, постојат неколку можности кога говориме за италијанскиот фудбал, постои
протокол за идните активности, сите посакуваат да се заврши сезоната
“ вели тој.

Во Италија
немаме низ целата земја иста слика на бројките со заразени, во
централно-јужниот дел на земјата не проследивме катастрофална експлозија на
вирусот како што тоа се случи на Северот
“ подвлекува членот на СЗО.

Со оглед на
регионите обележани под ризики, ние го нудиме централно-јужниот дел на Италија,
не постои причина зошто да забраните активности каде што нема активни случаи,
тоа што ние ќе го понудиме е да имаме различни мерки со оглед на ситуацијата по
регионите
“ заклучи Рикиарди во разговорот за радио „Пунто Нуово“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×