Серија А ќе остане со 20 екипи, ќе нема Скудето а Милан ќе биде најголем губитник доколку се примени моделот на Лига 1

by
2 минути читање

Властите во
Италија оваа недела во неколку наврати порачаа дека мали се шансите фудбалската
сезона да продолжи во следните месеци и покрај тоа што мерките наскоро ќе бидат
олабавени.

Дури 18 клубови
сакаат првенството да заврши, се работи на различни сценарија под кои ќе се
игра фудбал, но доколку не добијат зелено светло од власта, сето тоа ќе падне
во вода.

Па затоа на
денешниот состанок ќе се разговара за план Б, и каква ќе биде разврската
доколку не биде постигнат компромис со владата. Низ медиумите има најразлични
шпекулации, најголемиот дел од сториите сепак имаат едно заедничко: Серија ќе
остане со 20 екипи, Скудетото нема да биде доделено но ќе има испаѓање и
промоции.

Во ранг подолу ќе
одат последните две екипи на табелата, СПАЛ и Бреша а во елитата ќе пристигнат
првите две од Серија Б.

Ќе треба да се
одреди и распоредот на табелата за учество во Лигата на шампиони, а ако се примени
моделот од Лига 1, Милан ќе биде најголем губитник. Со оглед на тоа дека сите
екипи немаат одиграно ист број натпревари, за конечниот распоред на табелата во
Франција беше искалкулирант освоен број на бодови по натпревар (вкупниот број
на освоени бодови беше поделен со вкупниот број на одиграни натпревари).

Доколку истиот
систем се примени во Серија А, топ шест на табелата останува ист. Јувентус,
Лацио, Интер и Аталанта ќе играт во Лигата на шампиони, а Рома и Наполи во Лига
Европа.

Седмото место на
табелата исто така може да донесе настап во Лига Европа, и во моментов Милан е
на оваа позиција. Сепак, доколку се примени моделот од Франција, „росонерите“ ќе
назадува бидејќи имаат 36 бодови од 26 натпревари (1.38 бодови по натпревар), а Верона и Парма имаат 35
бодови од 25 натпревари (1,4 бодови по натпревар).

Останува да видиме
што ќе се случи, клубовите веќе се заканија со тужби доколку сезоната не биде
завршена и на зелена маса се одлучи за исходот, па сигурно до последен момент
ќе се прават напори за ре-старт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×