902
Eцио Симонели е избран за нов претседател на италијанската фудбалска лига, Серија А.
Симонели на местото претседател го наследува Лоренцо Касини кој оваа функција ја извршуваше од март 2022 година и кој не сакаше да се кандидира за втор мандат.
Станува збор за човек кој е поранешен соработник на Силвио Берлускони кој беше на чело на Милан од 1986 до 2017 година.
Новиот преседател на Серија А ја доби поддршката од 14 од вкупно 20 клубови во најсилната италијанска конкуренција.