981
Славниот Серхио Рамос е пред егзотична дестинација во фудбалската кариера.
Легендата на Шпанија и Реал Мадрид по разделбата со Севиља минатото лето е без клуб. Сега на 38-годишна возраст тој реши да ја прифати понудата од мексиканскиот Монтереј и да замине во Јужна Америка.
Овој клуб од клупата го води Мартин Демикелис, па тој може да одигра клучна улога во оваа аквизиција. Рамос е подготвен да се пресели во Мексико и да одработи договор со Монтереј во Мексико.
Во редовите на Монтереј соиграчи на Рамос повторно ќе му бидат Лукас Окампос и Оливер Торес со кои играше во Севиља, како и Серхио Каналес од Реал.