Серхио Рамос повторно е во фокусот на европската фудбалска сцена. Откако се раздели со мексиканскиот Монтереј, искусниот шпански дефанзивец добил конкретна понуда од Манчестер јунајтед, јавуваат повеќе странски медиуми.
Легендарниот поранешен столб на Реал Мадрид би можел да се врати во Европа преку голема врата, бидејќи „црвените ѓаволи“ во него гледаат можно решение за проблемите во последната линија. Рамос го одигра својот последен меч за Монтереј на 7 декември, во полуфиналето од мексиканскиот плеј-оф, а за помалку од една година настапи на 32 натпревари и запиша седум голови.
Манчестер јунајтед и претходно се обидуваше да го ангажира. Првиот сериозен контакт беше во 2015 година, но тогаш Рамос реши да остане во Реал Мадрид.
„Бев блиску до заминување, но на крајот останав таму каде што требаше – во Реал Мадрид“, изјави Рамос во минатото во една прилика.
Англиските медиуми потсетуваат дека „Олд Трафорд“ како опција за Рамос се споменуваше и пред две години, но тогаш не успеаа да го доведат.