Серафимов е регистриран, може да дебитира за Левски во плеј-офот за Конференциската лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Бугарскиот гигант Левски Софија го вклучи македонскиот дефанзивец Никола Серафимов на списокот за плеј-офот во Конференциската лига и тој ќе биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар против АЗ Алкмар.

„Сините“ на свој терен во Софија ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат против фаворитот од Холандија, а Серафимов би можел да го запише своето деби во дресот на Левски токму на европска сцена. За нашиот репрезентативец ова ќе биде враќање во квалификациите за Конференциската лига по пауза од три години, откако во сезоната 2022/23 настапуваше со унгарскиот Видеотон.

Централниот дефанзивец минатата недела потпиша тригодишен договор со Левски како слободен играч и од него се очекува да биде значајно засилување за составот на софискиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×