Новиот ко-сопственик на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ратклив поставил пет јасни правила за настапот на „ѓаволите“ на трансфер пазарот.
Сер Џим Ратклиф и ИНЕОС спроведуваат големи промени на Олд Трафорд откако инвестираа 1 милијарда фунти за нешто над 27% од акциите на Манчестер јунајтед.
„Ѓаволите“ се подготвуваат за бурно лето, иднината на тренерот Ерик тен Хаг е под огромен прашалник и се погласни се шпекулациите за негов отказ.
Ќе биде направен и „рез“ во тимот, Рафаел Варан и Антони Марсијал веќе соопштија дека заминуваат, се очекува во следниот период истото да го сторат уште неколку имиња.
Што се однесува до засилувањата, тие ќе бидат во склоп на новите насоки поставени од Сер Џим Раткилф, новиот ко-сопственик на Манчестер јунајтед поставил пет јасни правила за настап на трансфер пазарот.
Како прво, новите засилувања нема да бидат постари од 25 години, а како второ, нема да има „галактикос“ засилувања.
Рацете на тренерот ќе бидат прилично врзани, па тие ќе можат да кажат само кои позиции сакаат да бидат засилени, а не кои играчи ги сакаат.
ИНЕОС потоа ќе состави листа, ќе бидат одредени три имиња за секоја позиција, а тренерот ќе може да избере од нив.
Исто така, стилот на игра ќе биде поставен од техничкиот директор Џејсон Вилкокс.