1,1K
Фудбалската асоцијација на Англија ја потврди суспензијата на Арне Слот и тој нема да го води тимот вечерва против Њукасл и во наредното коло кога Ливерпул ќе гостува кај Саутемптон.
Холандскиот стратег по натпреварот против Евертон на „Гудисон Парк“ кој заврши без победник 2:2 жестоко реагираше и влезе во конфликт со судијата Мајкл Оливер.
Првичнот се појави информација, дури и на сајтот на Премиер лигата дека ќе пропушти два натпревари, но потоа истата беше тргната. Слот беше на клупата против Вулвс, Астон Вила и Манчестер сити, но сега ќе мора следните два дуели да ги следи од трибините.
Слот покрај суспензијата ќе мора да плати и парична казна во износ од 70.000 фунти.
С