Сензационален трансфер, Милан се договорил со ѕвездата на Јуве, „Старта Дама“ сега разгледува мега понуда

by
1 минути читање

Леонардо Бонучи
важи за еден од најдобрите дефанзивци па изминативе 12 месеци неговото име се
поврзуаше со голем број на клубови.

Минатото лето
богата понуда доставија Антонио Конте и Челси, Пеп Гвардиола исто така не
штедеше пари за да го донесе во Манчестер Сити, а на вратата минатиот месец
тропна и Барселона.

Италијанецот ги
одби сите овие понуди, но според Медиасет, Леонардо Бонучи се сложил да замине
од Торино и тоа за преселба во лутиот ривал Милан.

Медиумот, кој еблизок до Милан, вели дека клубот од Сан Сиро и дефанзивецот се договориле за плата од 7 милиони евра.

„Росонерите“
доставиле и мега понуда до Јувентус, која ги вклучува услугите на Де Шиљо и
Ромањоли, како и значителна сума на пари.

Шампионот на
Италија треба да одговори во следните 72 часа дали ќе се раздели со еден од
столбовите во својата одбрана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани